Македонија остварила извоз од близу пет милијарди долари во 2014

Bez autora
Feb 05 2015

Република Македонија во текот на 2014 година остваила извоз во вкупна вредност од 4,93 милијарди долари, што е за околу 670 милиони долари повеќе во однос на претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика. Истовремено увозот достигнал 7,27 милијарди долари, што е за 676 милиони долари повеќе во донос на 2013 година. Вкупниот обем на трговска размена на Македонија со светот во 2014 година е зголемен за 1,34 милијарди долари, на 12,2 милијарди долари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - декември 2014 година, изнесува 2,34 милијарди долари, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 67,8 отсто.

Македонија остварила извоз од близу пет млрд. долари во 2014Република Македонија во текот на 2014 година остваила извоз во вкупна вредност од 4,93 милијарди долари, што е за околу 670 милиони долари повеќе во однос на претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Истовремено увозот достигнал 7,27 милијарди долари, што е за 676 милиони долари повеќе во донос на 2013 година.

Вкупниот обем на трговска размена на Македонија со светот во 2014 година е зголемен за 1,34 милијарди долари, на 12,2 милијарди долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари - декември 2014 година, изнесува 2,34 милијарди долари, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 67,8 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично,за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена,  Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik